Во понеделник и лидерска и расправа за Законикот

На собраниската седница што продолжува во понеделник, пратениците треба да расправаат за измени во Изборниот законик по завршување на дводневната расправа во Комисијата за европски прашања. Истиот ден, рано наутро, треба да продолжат и разговорите меѓу лидерите на четирите најголеми партии за деблокада на изборот на ДИК.

Владата поднесе предлог-закон за измени на Изборниот законик со кои, како што тврди, ќе се одблокира формирањето на Државната изборна комисија пред одржување на референдумот оваа есен. Владата бара членовите на ДИК наместо со двотретинско да се бираат со апсолутно мнозинство.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека како и со Законот за јазиците, така и со Изборниот законик, власта грубо ги злоупотребува европското знаменце и Комисијата за европски прашања. Според опозициската партија, Изборниот законик никогаш не се носел без консултации со опозицијата, а не се ни разгледувал на Комисијата за европски прашања.