ВМРО – ДПМНЕ денес ќе каже дали ќе се врати во Собранието

Час и половина траеше вчерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Лидерот на опозицијата реќе дека било разговарано за повеќе теми, при што двајцата имале различни ставови, но оти ваквите средби се  конструктивни и очекува да ги има повеќе во наредниот период. Мицкоски рече дека партијата вечерва ќе се координира и денес ќе соопшти дали ќе се врати во Собранието. Покрај тоа, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ најави и промена во политичката реторика и оти тоа ќе биде забележливо.

Пратениците на најголемата опозициска партија ја бојкотираат работата на Собранието поради апсењата за настаните од 27 април, а денеска се вратија само за да го слушнат говорот на претседателот Ѓорѓе Иванов.