ВМРО-ДПМНЕ денеска одбива да учествува во работата на Собранието

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска, информираше дека Пратеничката група на партијата и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да учествуваат на ниту една од денешните седници во Собранието.

-Нема да учествуваме поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички неистомисленици, со апсење на пратеници, со апсење на уметници, со апсење на луѓе кои што си ја сакаат Македонија – изјави Лашкоска.

Таа вели пратеничката група секојдневно има активности и средби со амбасадорите, кои што ги информираат за актуелната политичка ситуација.

За денеска во Собранието се закажани првото продолжение на 21.седница и петто на 11.седница, а на дневен ред на овие седници се објавување оглас за државен ревизор, изменувањето на законот за пушењето и уште неколку други измени на законите.