Владата го повлекува предлог-законот за спречување на корупцијата

Владата на Република Македонија го повлекува предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, кој беше во собраниска процедура. Одлуката е донесена на синоќешната владина седница.

– На оваа седница, Владата на РМ донесе одлука да го повлече од Собранието на РМ, предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси и низ повторена владина процедура овој предлог закон, од реформскиот пакет од легислативата, да добие европско знаменце за да се забрза постапката за негово донесување во законодавниот дом и да се избере нова Државна комисија за спречување на корупцијата според новите критериуми утврдени во новото законско решение, се наведува во соопштението од владината прес-служба.