Вкупно 71,2% од потрошената струја во септември била од домашно производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2017 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 506 157 МWh електрична енергија, 13.336 мил. нм3 природен гас, 391. 928 тони јаглен и 85.266 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71,2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,8 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.