Багер и четири камиони ни ги дигнаа шаторите

Активистите на „Македонија блокира“ обвинуваат дека ноќеска насилно им биле подигнати шаторите пред Собранието на Македонија.

„Тоа се случи после еден часот по полноќ. Еден багер и четири камиони со полициска асистенција ги подигнаа шаторите. Иронично, денеска се јавуваат од полицијата дали сме виделе нешто. Продолжуваме со отпорот“, велат од „Македонија блокира“ за „Независен весник“.

Шаторите беа поставени веднаш по изгласувањето на првата фаза од договорот за името со Грција. Граѓаните секојдневно протестираа против промената на уставното име, а во последно време ги блокираа и фрекфентните сообраќајници низ Скопје. Тие бараат стопирање на процесот и оставка на пратениците. (Г.А.)