Ахмети: Мицкоски не требаше да ги избрка пратениците

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека претсе3дателот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не требало да ги избрка од партијата пратениците кои гласаа за уставните измени со цел имплементација на договорот од Преспа.

– Мислам дека тоа беше погрешен потег од страна на господинот Христијан Мицкоски. Доколку тој мисли да ја организира подобро ВМРО-ДПМНЕ, не требал да избрка седум пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие не направија никаков криминал, тие се солидаризираа со своите колеги, со 72 пратеници кои беа за промени, за иднина, и тие осум други, седум од ВМРО-ДПМНЕ и еден од Социјалистичката Партија, значи тие му се приклучија на прогресот“, рече Али Ахмети во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.