Албанските опозициони партии ќе поднесат амандмани за уставните измени

Албанските опозициони партии ќе интервенираат со амандмани при уставните измени и тоа за унапредување на правната позиција на Албанците во Македонија.

Како што јавува „Алсат-М“, движењето Беса на Биљал Касами веќе изготвило четири амандмани со кои се бара Албанците да станат државотворен народ, албанскиот јазик да се дефинира како службен јазик и да се отстрани именувањето како јазик кој го зборуваат над 20% од населението во земјата. Исто така, се бара промена на членот 49 од Уставот за да нема дискриминација при заштитата на другите заедници кои живеат во странство, како и членот 75 за да се најде начин претседателот на државата да не ги блокира законите кои се донесуваат во Собранието.

Интервенција со амандмани најави и Алијансата за Албанците. Нејзиниот лидер Зијадин Села бара амандманите да ги поддржат и останатите партии со цел да се создаде Устав кој ќе ги промовира правата, а не да ги санкционира.