Јункер: Косовците ќе најдат побезбедна иднина во Европа
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на косовските власти им порача да работат на патот кон ЕУ. а на пратениците да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Тој изрази задоволство, што заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседство Јоханес Хан, токму во Приштина ја завршува балканската турнеја.
– Нашата објавена стратегија го покрива целиот Западен Балкан. Вредностите и праведната држава треба да бидат камен-темелник на европската удобност. На тој начин, Косовците ќе најдат побезбедна иднина во Европа. Важно е вашето Собрание што побрзо да гласа за демаркација со Црна Гора. Тоа е неизбежен клучен чекор кон визната либерализација, изјави Јункер на заеднчката прес-конференцја со косовскот претседател Хашм Тачи.
Тој исто така посоветува дека косовските власти треба поенергично да се борат против криминалот и корупцијата.
– Сите напори за борба против криминалот и корупцијата да се продлабочат. Претседателот ни даде некои документи, со кои комисијата ќе биде во состојба да предложи визна либерализација. Ние сакаме односите меѓу Косово и Србија да бидат поставени на нова основа. Од суштинско значење е Косово и Србија да ги регулираат своите односи и да се движат кон Европа, додаде Јункер.
На прашањето кога Косовците ќе можат слободно да се движат без визи, Јункер рече дека не може да даде датум бидејќи тоа е прашање кое зависи од Косово.
Претседателот Тачи меѓу другото одговори на новинарско прашање околу дијалогот со Србија, при што нагласи дека од суштинско значење е Косово и Србија да ги подобрат односите.
– Што се однесува до дијалогот меѓу државата Косово и Србија, ние му ја пренесовме на Јункер одлучноста на институциите овој дијалог да продожи да се движи напред кон доборсоседство и договор со кој Косово и Србија ќе изградат европски односи, изјави Тачи.
Тој оцени дека денешната посета на Јункер, комесарот Хан и високата претставничка на ЕУ, Могерини, е јасен доказ за зголемената посветеност на Европската унија кон Косово и сите држави од Западен Балкан.