Шефот на словенечката дипломатија Церар во посета на Македонија


Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска, ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата на Церар со домаќинот Димитров, предвидено е да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Двајцата министри ќе присуствуваат и на свечен настан по повод отворање на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

Во пресрет на посетата на Скопје, Церара во интервју за МИА истакна дека Словенија посакуваМакедонија што е можно поскоро да стане дел од ЕУ и НАТО бидејќи тоа носи големи придобивни за земјата. Многу важен чекор што на Македонија и ги отвора вратите на ЕУ и НАТО се спогодбата за пријателство со Бугарија, а особено Договорот од Преспа со Грција.