Хрватска имаше среќа, за полуфинале против Русија
Хрватска се пласираше во четврт-финалето од Светското првенство во фудбал во Русија. Во драматичен меч против Данска, „коцкестите“ имаа повеќе среќа и знаење и славеа со 3-2 по пенали, а 1-1 во регуларниот дел од мечот.
Натпреварот почна шокантно, уште во првата минута Јоргенсен погоди за 1-0 за Данците, а две минути подоцна, Манџукиќ погоди за изедначување.
Данска одлично се снајде, не им даде на Хрваатите да го контролираат мечот, па се тргна во продолженија. Во 117 минута, Ребиќ ѝ побегна на данската одбрана, беше срушен од Шмајхел, судијата од Аргентина покажа на белата точка. Модриќ не погоди.
Во пенал-серијата, Данците промашија два пенала, по што Ракитиќ стави печат. Во четврт-финалето Хрватска ќе игра против Русија во сабота од 20 часот.