Франција: Сексуален однос со лице помладо од 15 години ќе се смета за силување


Франција ќе објави дека сексуален однос со малолетници помлади од 15 години автоматски ќе се смета за силување, изјави денеска министерката за полова рамноправност Марлен Скиапа.

Реформата, која е дел од новиот закон за борба против сексуалната агресија, се носи по случај во кој маж во доцни 20-ти години е ослободен од обвинение за сексуален однос со 11-годишно девојче, бидејќи немало докази за присила.

– Предлог законот ќе има одредба со која ќе се пропише старосна граница под која секогаш ќе се смета дека детето било присилено на сексуални односи, изјави министерката, додавајќи дека таа граница ќе биде 15 години.

Скиапа тоа го изјави за неделникот „Лобс“, говорејќи за предлог- законот кој ќе биде испратен во парламентот на усвојување кога ќе го одобри владата