Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје


Три лица се потешко повредени во три од 16 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите два дена во Скопје. Во 12 сообраќајки со телесни повреди се здобиле девет лица, а во четири сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека во текот на двата дена сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување и двајца возачи за неправилно престигнување.

Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 42 возачи, од кои 13 кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 27 возачи пред да се стекнат со право на управување и двајца возачи почетници, како и 29 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 146 возила непрописно паркирани. Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 72 возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Кирил и Методиј“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар со ученици од четврто одделение во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.