Сугарески: До секоја општина ќе има гасовод
Планираме магистралните гасоводи комплетно да бидат завршени на почетокот на 2020 година. Тоа значи дека до секоја општина ќе има магистрален гасовод, а секундарната гасификација треба да ја направат општините, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
– Би сакал да зборувам за периодот од 1 јуни кога оваа реформска влада дојде на власт. Ние ги преземаме сите мерки, вклучително и добивањето на грант средства од 70 милиони евра во Трст. Максимално работиме на тоа да бидат отклонети сите можности и во делот на експропријација и во сите потешкотии коишто претходно ги имало. Константно имаме средби и со директорот на Јавното претпријатија Железници – инфраструктура, наредниот период планираме повторно да имаме средба со сите оние коишто се вклучени во изградбата на таа делница со цел да ја интензивираме првата делница. На втората делница знаете дека е завршена проектната документација и обезбедени се 145 милиони евра, од кои 70 милиони евра се грант, а пред неколку дена заврши изготвувањето на проектната документација за третата делница од Крива Паланка до бугарската граница, каде што согласно програмата се обезбедени 60 милиони евра ИПА средства. Значи, наоѓаме начини како да се забрза динамиката на правењето на таа делница до Република Бугарија, со цел до 2025 година, согласно роковите, да бидат исполнети плановите и граѓаните да имаат бенефит, а тоа е да ја имаме таа пруга – вели Сугарески.
Целосното интервју проследете го тука.