СП 2018: Шпанија и Португалија, натпревар којшто заврши нерешено


Шпанија и Португалија одиграа возбудлив натпревар со два пресврти, кој заврши со нерешено 3:3 во групата Б на Светското првенство во Русија.

Натпреварот резултатски го отвори Кристијано Роналдо уште во четвртата минута постигнувајќи гол од пенал за водство на Португалија од 1:0.

По првичната конфузија шпанската репрезентација успеа да се консолидира и да се наметне на теренот, што пак резултираше со израмнување во 24 минута преку голот на Диего Коста.

Иако Шпанија останатиот дел од првото полувреме во поголема мера ја контролираше играта, на само една минута пред крајот на првиот дел Роналдо повторно беше прецизен и донесе водство од 2:1 за Португалија, резултат со кој се замина на паузата.

Во вториот дел Шпанија направи пресврт, откако Диего Коста во 55 минута го постигна вториот гол за израмнување 2:2, а само три минути подоцна Начо беше прецизен за водство на Шпанија од 2:3.

Меѓутоа, Роналдо во 88-та минута беше прецизен од слободен удар и постигна хет-трик за израмнување 3:3.

Претходно во оваа група, Иран во последните секунди од натпреварот против Мароко стигна до минимална победа од 1:0 со автоголот на мароканскиот фудбалер Азиз Бухадуз.