Словенечкиот министер за одбрана Ерјавец во посета на Македонија
Во рамки на посетата, во организација на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат министерката Шекеринска и министерот Ерјавец.
Дискусијата ќе се фокусира на улогата на НАТО за нашата земја, придобивките што ги обезбедува членството во НАТО, како и укажување на словенечкото искуство, предизвиците и придобивките од нивното пристапувањето во НАТО.
Со овој настан ќе се одбележи и преземањето на улогата на Република Словенија со која тие стануваат НАТО контакт Амбасада за Република Македонија.