Сефај: Интерпол ги укина потерниците за поранешните лидери на ОВК


Косовскиот министер за внатрешни работи Фламур Сефај тврди дека добил потврда од Интерпол дека таа организиација ги укинала потерниците по поранешни членови на ОВК кои Србија ги товари за воени злосторства.

Сефај, пред парламентарната комисија за внатрешни работи, зборувал за барањето на Косово за членство во Интерпол, објави Газета Експрес.

Тој рекол дека добил потврда од Интерпол дека се укинати потерници за членови на ОВК кои Србија ги товари за воени злосторства. Листата вклучувала косовски политички лидери и личности кои за време на судирите 1998-1990 на Косово биле високи команданти на ОВК, наведува весникот. Сефај тврди дека има уверување од генералниот секретар на Инперпол Јирген Шток дека Косово не мора повторно да аплицира за членство и доволно е само членки на организацијата да го стават во агенда на своите редовни состаноци.