Седуммина уапсени во Грција: Продавале сончогледово масло, а лажеле дека е маслиново


Грчката полиција денеска уапси седум лица поради вмешаност во измама за продажба на голема количина сончогледово масло како маслиново масло.

Четиричлено семејство и тројца нивни роднини на сончогледовото масло му додавале боја за да добие зелена нијанса и да наликува на маслиново.

Тие се уапсени во близина на Лариса, околу 150 километри од Солун, јави БТА.

Лажното маслиново масло е продавано во Грција и во други земји во лименки од пет литри, а извезена е количина од околу еден тон, претежно во Германија.

Цената на производот била околу 50 отсто пониска во однос на цената со вистинското масло.