Путин: Русија создаде нов вид оружје, подобар од ракетен одбранбен комплекс
Русија произведува небалистички систем, кој ниту еден ракетен одбранбен комплекс нема да може да му се спротистави, изјави денеска рускиот претседател во годишниот говор за состојбата на нацијата.
– Почнавме да создаваме нов вид стратешко оружје, кое нема да ја следи балестичката траекторија додека се движи кон целта, што значи дека комплексите за противракетна одбрана ќе бидат бескорисни и бесмислени во борбата против таквото оружје, наведе Путин.
Тој изрази уверување дека покажувањето на способностите на руските вооружени сили кој било „агресор ќе го спушти на земја“. Путин наведе дека непријателските чекори против Русија, како што е распоредување на противракетниот систем со кој НАТО се приближува до руските граници, станува неефикасен од воена перспектива и неразумно скап од финансиска гледна точка.
– Се тоа на крајот (станува) бесмислено за тие кои тоа го иницираат и прават, посочи Путин.
Но, и покрај тоа што Русија развива нови нуклеарни оружја, Путин истакна дека не планира да нападне ниту една земја.
– Растечката воена моќ на Русија не заплашува никого, ниту сме имале ниту имаме планови за употреба на таквиот потенцијал за напаѓачите, а ниту за агресивни цели, истакна Путин, додавајќи оти ако земјата биде нуклеарно нападната, ќе возврати на нападот.
Рускиот претседател во своето обраќање истакна и дека треба да се зајакнат демократските институции во земјата.
– За да се движиме напред, динамично да се развиваме, ние треба да го прошириме просторот на слобода во сите сфери, да ги зајакнеме демократските институции, локалната самоуправа, структурите на цивилното општество, судскиот систем, за да бидеме земја отворена кон светот, со нови идеи и иницијативи, потенцира Путин.
Тој во говорот најави и дека во следните шест години двојно да ја намали сиромаштијата во Русија.
– Мораме да решиме една од клучните задачи во деценијата која доаѓа – да обезбедиме сигурен, долгорочен раст на реалните приходи на граѓаните и за шест години, да ја намалиме сиромаштијата, истакна Путин.
Тој истакна и дека Русија мора да стане светски центар за обработка и складирање на податоци.
– Со помош на напредните комуникации ќе ги отвориме сите можности на дигиталниот свет за нашите луѓе, како и до 2024 година ќе биде овозможен брз пристап до интернет ширум цела Русија, наведе Путин