Приоритетите на романското претседателство со ЕУ ќе бидат презентирани во Собранието
Приоритетите на романското претседателство со Советот на Европската унија за следниот шестмесечен период ќе бидат денеска презентирани пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања.
На седницата ќе се обратат романскиот амбасадор во Македонија, Виорел Станила, евроамбасадорот Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби.