Предлог во Дојран: Улица да го носи името на Љубчо Георгиевски


Ристо Џинев од Советот на општина Дојран предложи една улица во Дојран да го носи името на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.

Според Џинов со именување на улица во Дојран ќе се одбележи придонесот на Георгиевски во ревитализација на Дојранското езеро преку проектот кој беше реализиран во 90-тите години, нивото на водата значително се подигнало.

Под водство на Георгиевски како премиер бил направен градежен зафат за обвнова на шеталиштето во Дојран. На овој начин, според Џинов, Советот на општина Дојран треба да му се оддолжи.