Почнаа да се садат пролетни цвеќиња


Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ почнаа со садење на пролетен цветен расад низ градското зеленило. Планирано е хризантемата да се замени со најзастапената виола во повеќе бои и тоа на цветните леи на локациите –  трети дел на парк „Македонија“ и во булеварската жардиниера на булевра „Гоце Делчев“. На цветните површини кај полициската станица на Бит пазар, од видот виола ќе се засадат 1.500 корења.

„Обновување со цветен расад е планирано и на кружниот тек во населба Топанско Поле, потоа во зеленилото пред општина Чаир и кај споменикот ‘Хасан Приштина‘ на реон Ректорат. Цветниот расад е од сопствено производство на Флораком Дооел за потребите на Јавното претпријатие“, информираат од „Паркови“.

Истовремено, екипи на јавното претпријатие, вршат тековно чистење и одржување на булеварското и блоковското зеленило низ градот.