Осудени членови на Самоопределување за напад врз косовското Собрание


Приштина – Четворица активисти на косовското опозициско движење Самоопределување денеска беа осудени на затворски казни поради напад со рачни бомби врз зградата на Собранието на Косово, на 4 август минатата година.

Осудениот Фрашер Красниќи, кој во моментов е пратеник, доби најголема затворска казна од осум години, додека Аде Арифи беше осуден на шест години, Егзон Халити на пет ипол, а Адеа Батупа на две години затвор. За време на судењето пред зградата на судот избија судири меѓу косовската полиција и дел од активистите на Самоопределување.На почетокот на процесот, четворицата осомничени изјавија дека се невини, наведувајќи дека обвиненијата против нив имаат политички мотиви.

Минатогодишниот напад се случи за време на опозициските протести против договорот за демаркација на границата со Црна Гора. см/сп/16:51