Од утре затоплување, дожд и снег само на планините


Повисоки температури, кои преку ден ќе достигнат и до 17 степени и врнежи од дожд на повисоките и снег на планините најавуваат метеролозите од утре.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде до сабота наутро локално се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен.

За време на викендот се уште  ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 метри надморска висина ќе има повремен снег.

Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота ќе дува повремено засилен западен ветер, поизразен на југот од земјава.

Температурите утрински утре ќе се движат од минус пет до три степени, а дневната ќе се движи од три до девет степени.

За викендот утринската ќе биде над нулата. Во сабота ќе се движи од нула до пет степени, вонедела од еден до шест степени, во понеделник ќе се спушти до минус еден и ќе достигне до пет степени, во вторник и среда повторно ќе биде над нулата и ќе се движи во интервал од еден до пет степени.

Дневната во сабота ќе биде од шест до 15 степени, во недела од осум до 17 степени, во понеделник од пет до 11, во вторник од шест до 13 и во среда од осум до 15 степени.

Значителното затоплување ќе услови нагло топење на снежната покривка