Не издржа барокот, од дождот прокисна и зградата на Владата


Од вчерашното невреме и силен дожд прокисна и барокната зграда на Владата, објави СакамДаКажам.мк.

За нив, информацијата ја потврдил генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

„Владата прокисна на директно отворените места. И не е првпат, кисне на секој дожд. Таков е квалитетот на изработката. Водата лази по плафоните, под светилките и лустерите, а потоа и надолу по ѕидовите. Затоа ние тука не ја собираме со кофи како во Архивот“, вели Рашковски.