НАТО: Не сакаме нова Студена војна и трка во вооружување со Русија


Не сакаме нова Студена војна или нова трка во вооружувањето, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску. Таа истакна дека противракетниот штит, кој во Европа го поставува САД не е насочен против Русија.

Заканата на рускиот претседател Владимир Путин упатена кон членките на НАТО е „неприфатлива“ и не придонесува на напорите за смирување на тензиите, соопшти денеска НАТО, ден по откривањето на новото нуклеарно оружје од страна на рускиот претседател.

-Руските изјави дека ќе цели кон сојузниците се неприфатливи и контрапродуктивни, рече Лунгеску.

Путин вчера објави дека Русија поседува нови крстосувачки ракети со нуклеарна боева глава, кои не можат да бидат соборени од ниту еден противракетен штит.

– Сите наши интерконтинентални проектили можат да ја неутрализираат американската одбрана, изјави рускиот претседател и додаде дека новото оружје е одговор на распоредувањето на противракетна одбрана на САД на територијата на други држави