Мицкоски: Oваа влада мора да си замине


Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март организираше конференција под мотото „За сите жени во Македонија“ на која се обрати претседателката на Унијата Даниела Рангелова и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

– Нашата земја низ нејзината историја е изградена од силни жени кои активно учествувале во сите подеми и падови, и тие ќе продолжат да уриваат бариери и поразуваат предрасуди. Предизвикот е поголем, бидејќи ова е сложениот Балкан каде ѕидовите на поделби и препреки се преголеми, но сепак не и неуништливи. Затоа мотивот треба да биде и поголем, затоа што ние мора конечно да дебатираме за работите кои ќе не носат напред, да донесеме прогрес кој толку насушно и треба на нашата држава и да создадеме иднина, порача Мицкоски.

Тој на конференцијата се осврна и на актуелните политички теми посочувајќи дека  ВМРО-ДПМНЕ е огромен брод кој плови низ немирно море чија стабилност, рече, полека, но сигурно доаѓа и ќе заплови кон проектираната цел.

Потенцира дека на политичката сцена гледаме една трагикомична фарса од повеќе продолженија каде на маса се фрлаат закони за јазици, лични одлуки за неучество на регионални конференции, барање на личните етнички потекла во историјата, но, птоенцира, додека филмот трае, во реалноста граѓаните трпат и не добиваат ништо.

Порача дека е потребна вистинска борба не преку политиканство туку преку реални мерки за подобар живот на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите остнати. Посочувајќи дека оваа влада мора да си замине, рече дека победата ќе биде победа над еден забревтан систем со свои поединечни рецидиви кои влечат корени од транзицијата, а кои сега се дел од власта која одлучува за нашата иднина.

Тој истакна дека на Македонија ѝ е потребна нова генерација на луѓе.

„Пред конгресот велев можеби ќе успеам, а можеби и не, но дека ќе дадам сè од себе. Сега знам и сум сигурен дека ќе успеам, и тоа го должам, должам победа за секој еден граѓанин“, рече Мицкоски.

„Пред конгресот велев можеби ќе успеам, а можеби и не, но дека ќе дадам сè од себе. Сега знам и сум сигурен дека ќе успеам, и тоа го должам, должам победа за секој еден граѓанин“, истакна Мицкоски.

Претседателската на Унијата на жени Рангелова побара од Владата да нема реваншизам, туку реформи. Тоа, според неа, го очекуваат сите граѓаните од државата.

На конференцијата Унијата првпат додели и плакети за жени.