Марсијал: Семејството секогаш е на прво место
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал, по паричната казна и критиките на тренерот Жозе Мурињо се огласи преку социјалните мрежи и соопшти дека семејството му е на прво место.
Марсијал пред десетина дена ги напушти подготовките за да присуствува на раѓањето на неговото дете, но потоа воопшто не се врати назад во САД.
– Ви благодарам на сите за пораките. Мојот мал лебед е добро, беше тешко за мајката, но му благодарам на Бога таа сега е добро. Се извинувам, но моето семејство секогаш е на прво место. Утре се враќам во Манчестер, напиша Марсијал на Твитер.
Раководството на Јунајтед смета дека тој го прекршил договорот со подолгото отсуство за кое не добил дозвола и одлучи да го казни со 180.000 фунти. Додека тренерот Жозе Мурињо наведе дека ваквото однесување е неприфатливо.