Марадона судијата на натпреварот Колумбија – Англија го нарече крадец


Легендарниот Аргентинец Диего Марадона го критикуваше американскиот судија на натпреварот од осминафиналето на Светското првенство 2018 помеѓу екипите на Колумбија и Англија.

Според него, Марк Гејгер придонел за пласманот на Британците во четвртфиналето со нефер одлуки.

-Кога првпат се сретнав со претседателот на ФИФА Џани Инфантино, ми се чинеше дека во оваа организација се ќе се промени. Но, во овој натпревар видов пример за грабеж. Судијата може да знае многу за бејзбол, но тој не го разбира фудбалот. Ова е вистински крадец. Горд сум на Колумбија, која се бореше до последно, нагласи Марадона.