МАНУ ќе одбележи 51 година од основањето


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 51 година од основањето.

Реч за Академијата ќе одржи нејзиниот претседател, академик Таки Фити, а по повод роденденот ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Јоланта Сујецка и Јуми Накаџима.  Ќе биде отворена и изложба на изданија на МАНУ во тековната 2018 година.

Македонската академија на науките и уметностите е основана во 1967 година и прв претседател бил Блаже Конески. Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата.

Од формирањето МАНУ досега имала 154 членови, од кои 41 сега имаат статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав.