Лестер прифати 80 милиони евра, Марез конечно оди во Сити
Алжирскиот фудбалер Ријад Марез конечно ќе го напушти Лестер и ќе го засили Манчестер Сити за 80 милиони евра, објави „Скај Спортс“.
Како што се наведува, Лестер ја прифати понудата од 20 милиони повеќе од онаа на која беше одбиена зимата и поради што Марез одбиваше да тренира.
Алжирецот заедно со Џејми Варди се најзаслужните за освојувањето на шампионскиот трофеј во Премиер лигата пред две години, и сега конечно ќе бара предизвик во големиот клуб.
Пред Лестер, тој играше за француските клубови Кимпер и Авр, додека играше за репрезентацијата одигра 39 натпревари и постигна осум гола.