Ердоган: Ќе поднесам оставка ако се докаже дека имам сметки во странство


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку опозициската Народно републиканска партија успее да докаже дека тој има сметки во странство, јави турската државна телевизија ТРТ.

– Ако можете да потврдите дека моите пари се во некои банки надвор од границата, јас ќе поднесам оставка од претседателската функција, изјави Ердоган.

Лидерот на опозициската партија Кемал Калачдароглу пред парламентарната група на неговата партија на 21 ноември изјави дека членови на семејството Ердоган „имаат милиони долари во компанија со седиште во даночните раеви во странство“.