Допрва треба да се одлучи дали ќе се гради вториот дел од жичарницата на Водно
Градските власти заедно со Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина ќе треба да одлучат дали има потреба да се гради втората фаза од жичарницата на Водно, која треба да тргнува од Козле до Средно Водно. Ваква одлука е донесена на последната владина седница.
„Владата го разгледа новиот текст на информацијата за изградба на жичница од Козле до Средно Водно за период од 1 јули до 31 декември 2017 година и ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје да донесат соодветна одлука за целесообразност на овој проект“, стои во соопштението од владината седница.
Во тековната инвестиционата програма на ЈСП има предвидено 800.000 евра за реализација на втората секција на жичарницата.
Инаку, првиот дел, од Средно Водно до Милениумскиот крст, беше пуштен во употреба во 2011 година и е со должина од 1.560 метри.