Водостоите зголемени, очекувано е да има излевање на Вардар


Водостoите, особено во западните делови на Македонија покажуваат понатамошно зголемување. Од УХМР информираат дека на реките Црна, Треска, Вардар се забележани тенденции на покачувања.

– Најновите информации од автоматските станици измерени во 21:00 часот покажуваат и понатаму високи водостои. На станицата во Јегуновце (р.Вардар) измерени се 214 cm и според наши согледувања соодветно на водните количини во реката, во околина на станицата возводно и низводно очекувано е да има излевања на реката Вардар, наведуваат во соопштението.

Поради појавата на високи водостои и излевања предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија, а особено во делови од западна Македонија