Во рестораните во Турција веќе нема да има соларници на масите


На масите во турските ресторани веќе нема да има соларници, јави Анадолија, повикувајќи се на претседателот на Федерацијата на сопственици на ресторани и слаткарници во Турција, Ајкут Јениџе.

Мерката е одобрена откако федерацијата потпишала протокол со Министерството за здравство за намалување на користењето сол и шеќер.

Јениџе изјави дека по потпишувањето на протоколот, почната е обука на мајстори готвачи за да биде намалено користењето сол и шеќер во јадењата.

СЗО има норма од една лажичка сол дневно во храната, а тоа ниво во Турција според Јениџе, е над две лажички.