Владата активираше итни мерки: Воздухот во Македонија позагаден и од Индија и Бангладеш


Викендов Mакедонија е на врвот на светските листи според аерозагадувањето. Скопје беше најзагаден во светот, пред најзагадените градови во Индија, Бангладеш и Пакистан, а од синоќа Прилеп го надмина главниот град. Таму, според мерната станица на апликацијата „Mој воздух“, нивото на отровните пм 10 честички на метар кубен изнесуваа над 1.000 што е 200 пати повеќе од дозволеното. Веднаш зад него се Битола, Струмица, Тетово, Гостивар, Куманово и Скопје.

Во главниот град најзагадено било кај Ректорат, Ѓорче Петров, Карпош и во Аеродром, каде според граѓаните, се шири и мирис на киселина и запалени гуми.

Од Владата информираа дека од Министерството за животна средина добиле информација за надминување на прагот на алармирање за загадувањето на воздухот во неколку градови, по што Владата излезе со итни мерки за заштита поради најновата ситуација со аерозагадувањето.

Фото: Б. Грданоски