Викендов во Скопје 40 сообраќајки, возач и пешак тешко повредени
Возач на патничко моторно возило и еден пешак се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 40 сообраќајки случени во текот на викендот во Скопје. Во 12 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 18 лица, а во 26 била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и седумнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 10 возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за неправилно престројување, 35 возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, девет возачи за неносење појас и 15 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 68 возачи, од кои 23 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 36 пред да се стекнат со право на управување и девет почетници, како и 20 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 172 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 111 возила.