(Видео) Мајка го заборавила детето на покривот од автомобилот, возела со 90км/ч


Ерика Шардфорт, која е забележана како вози со 97 км/ч во Перт, Австралија, додека нејзиниот полугол 4-годишен син седи на покривот од автомобилот, остана без возачка дозвола, пренесе „Mirror”.
Шокирани возачи не можеле да веруваат кога го виделе ова на улица. Таа возела 18 минути и не била свесна дека синчето се наоѓа на покривот од автомобилот.
Сведок вели дека момчето во еден момент изгубило рамнотежа и речиси паднало од покривот поради пребрзото возење.
На крајот мајката застанала и го ставила детето во задното седиште на автомобилот, каде биле неговите браќа и сестри.
Мајката се појавила на суд во Перт, каде објаснила дека не ила свесна оти нејзиниот син е на покривот од автомобилот.
Нејзиниот адвокат рекол дека била под голем стрес затоа што се грижи за шест деца на возраст од 5 месеци до 9 години.
Сега има забрана за возење три месеци и мора да плати казна од 747 евра.