(Видео) Додека САД го „притиска“, Мадуро танцува во ритамот на салсата


Додека сите очи се свртени кон Венецуела, поради политичката криза и додека Вашингтон го стега обрачот околу таа земја, актуелниот претседател Николас Мадуро, танцува салса.
Снимката на која Мадуро танцува со својата сопруга, како што наведува „Спутник интернешнал“, кон крајот на февруари веднаш почна да се шири по социјалните мрежи.
Имено, Мадуро и неговата сопруга Селиа Флорес заиграа на песна посветена токму на претседателот.
По состанокот со претставниците на рударските компании, венецуелскиот претседател ги замоли музичарите кои беа доведени на местото на состанокот, да засвират нешто за публиката. Меѓутоа, тие почнаа да свират песна чии зборови се: „Мадуро не заминувај, Мадуро не заминувај!“. Во тој момент Мадуро ја зграби својата сопруга за рака и почна да танцува во ритамот на музиката, окружен од граѓани облечени во карневалска облека.