Вардар со реми против Висла ја заврши групната фаза во ЛШ


Европскиот и македонски шампион  Вардар се пласираше во четврт-финалето на лигата на шампионите, а на последниот меч од групната фаза на домашен терен ремизиравме со Висла, 31-31 (16-16).

Вардар и на овој натпревар годинава не беше на нивото на 2017, особено во играта во одбраната лесно примајќи голови.

Лука Циндриќ со седум гола беше најефикасен во составот на Вардар, Игор Карачиќ постигна шест. Кај Висла одличен беше Дуарте со десет гола од 11 шута.

Мечевите од четврт-финалето на лигата на шампионите се играат во периодот од 18 до 22 април, и тоа прво на гостински терен, а реваншот е во периодот од 25 до 29 април во СЦ „Јане Сандански”.

Следен противник на „црвено-црните“ ќе му биде победникот од дуелот меѓу ПИК Сегед и четвртопласираниот тим од групата Б, Кјелце или Кил, во зависност од разврската во последното коло.