Бразил оди во четвртфинале


Фудбалската репрезентација на Бразил ја совлада соодветната селекција на Мексико со 2:0 во натпревар од осминафиналето на Светското првенство во Русија.

Бразил ја потврди фаворитската улога на натпреварот, но и покрај неколкуте сериозни удари кон голот на Мексико првото полувреме заврши без погодоци.

Во почетокот на вториот дел Нејмар во 51. минута му донесе водство на Бразил од 1:0, а Роберто Фирмино ја зголеми предноста и во 88. минута ги постави конечните 2:0.

Бразил во четвртфиналето ќе се соочи со подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Белгија и Јапонија.