Антонијо Милошоски на распит во СЈО за случајот „Моќник“


Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски денеска е повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Моќник“.

Милошоски е првообвинет во случајот „Моќник“, што СЈО го најави во март годинава против вкупно 13 лица, меѓу кои се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод, како и поранешниот прв лустратор Томе Аџиев.

Според сомнежите на СЈО, пратеникот Милошоски го навел градоначалникот на Македонски Брод да го изманипулира Советот на општината и на неговиот татко да му го продаде објектот во селото Ижиште, во кој била сместена општина Пласница. Откако градоначалникот разбрал дека е изманипулиран побарал постапката да биде преиспитана.

За продажба на објектот било организирано јавно наддавање, кое градоначалникот не го објавил во Службен весник, и единствено на него се јавил таткото на пратеникот, кој го купил објектот за 670 денари повеќе од почетната цена. Потоа со измама во катастар успеал да го внесе објектот на свое име, а му било продадено и државно земјиште по цена од 100 денари за метар квадратен иако пазарната цена изнесувала 400 денари. На тој начин се стекнал со противправна имотна вредност од милион 795.800 денари, како и милиони 176.000 денари за купување на земјиштето.

Кога градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јајовски, разбрал дека е продаден објектот во кој е сместена општината од Владата побарал да ја испита ситуцијата, и комисија утврдила дека се направени многу пропусти при продажбата и дека општината продала имот што е на државата.

Според СЈО, откако бил откриен дека го изманипулирал Советот на општина Македонски Брод за објектот во селото Ижиште, за да му се одмазди на градоначалникот Јајовски, пратеникот Милошоски му праќал инспекции во неговата компанија „Пуцко петрол“, а судијата кој го судел случајот со иметот на негово барање бил лустрирал и му било забрането да ја врши дејноста.

На распит во СЈО вчера беше повикан поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев, кој на барање на Милошоски спровел лустрација на судија од Кичево, по што му било забрането да ја врши дејноста.

Фото: Б. Грданоски