Зверев во маратонски меч го победи Синер за четвртфинале на УС Опен
Њујорк- Александер Зверев избори четвртфинале на УС Опен откако во меч со пет сета го доби италијанскиот тенисер Јаник Синер.
Мечот траеше 4 часа и 42 минути. Големата битка започна со освоен сет на Зверев со 6-4, Синер возврати со 6-3 за израмнување на 1-1.
Германскиот тенисер го врати водството откако го доби третиот сет со 6-2, но Италијанецот повторно се крена, го доби следниот сет со 6-4 и изедначи на 2-2.
Во петтиот решавачки сет Зверев победи со 6-3, го доби мечот со 3-2 во сетови и избори четвртфинале.
Во четвртфиналето Зверев ќе игра против првиот носител на турнирот, Карлос Алкараз кој го победи Арнали убедливо со 3-0.
Четвртфинале обезбеди и Медведев кој со 3-1 беше подобар од Де Минар.
Русинот во четвртфиналето ќе игра против својот сонародник Андреј Рубљов кој со 3-1 беше подобар од Дрејпер.
Сепак, натпреварот го одбележа неверојатен скандал и навивач кој извикуваш познати фрази поврзани со Адолф Хитлер.
Се се случи во четвртиот сет при резултат 2:2 во гемовите кога Зверев имаше сервис, а потоа слушна што извика еден од навивачите од трибините.
Германскиот тенисер бил згрозен од тој навивачки извик и решил веднаш да реагира, а на главниот судија му објаснил што всушност рекол и дека овие работи не треба да се случуваат и дека мора веднаш да реагира.
Судијата реши да реагира и се сврте кон навивачите и праша кој го кажа тоа, но тој на почетокот не сакаше да одговори.
Но, на крајот, останатите навивачи решија да го идентификуваат, а тој набрзо беше исфрлен од трибините и најверојатно ќе добие трајна забрана за следење на натпреварите на САД Опен.
Навивачот ја извика познатата фраза на Хитлер “Deutschland über alles” (Германија над се) кој беше првиот стих од германската национална химна до капитулацијата на Германија во Втората светска војна. Сепак, тоа е и слоганот на режимот на Хитлер, кој го злоупотреби тој стих како доказ за германската супериорност над сите други народи.
Затоа сојузниците го забранија изведувањето на германската национална химна кога ја окупираа земјата во 1945 година.
Седум години подоцна, беше дозволено повторно да се користи националната химна, но беше употребена и испеана само третата строфа. Така е до денес. Затоа она што неинформираните странци го сметаат за израз на сочувство кон Германија и Германците, граѓаните на таа земја, вклучително и Александар Зверев, го сфаќаат како нешто одвратно, забрането и воздигнување на нацизмот.