Зошто вакцината на Џонсон и Џонсон е толку барана


Вакцината на компанијата Џонсон и Џонсон, која доби дозвола за употреба и во ЕУ, е многу ефикасна, штити и од бразилскиот и јужноафрички сој на вирусот и е лесна за складирање

Откако Американската егенција за лекови ФДА уште во февруари издаде дозвола за вакцината на фармацевтската фирма Џонсон и Џонсон, сега дојде одобрение и од страна на Агенцијата за лекови на ЕУ, ЕМА.

Вакцината на Џонсон и Џонсон е многу ценета, се тврди дека таа има ефикасно дејство и против мутациите на коронавирус, како и кај постарите луѓе, доволна е само една доза и лесно се складира и транспортира.

Притоа, бројките не треба да внесуваат забуна – во третата на фаза на испитувањата оваа вакцина имаше ефикасност од 66 % во спречување на умерени и тешки форми на Ковид-19. Причината за помалата вредност во однос на претходно веќе одобрените вакцини се веројатно новите мутации на вирусот, кои ги немаше во време кога беа тестирани другите вакцини.

Клиничките студии покажуваат дека вакцината на Џонсон и Џонсон е делотворна и против бразилскиот и јужноафриканскиот сој на коронавирус. Во Велика Британија оваа вакцина е веќе користена, па се знае доста за нејзината ефикасност против британската варијанта на вирусот. 

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука