Зошто се тресе Ангела Меркел?


Германската канцеларка Ангела Меркел вторпат во десет дена предизвика внимание кај германската јавност. Таа во два наврата неконтролирано се тресеше пред телевизиските камери. Прво на 18 јуни кога стоеше покрај украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше во посета на Германија, а потоа додека стоеше покрај германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на церемонијата за поставување нов министер за правда.

Од кабинетот на Меркел изјавиле дека нема причина за загриженост и оти таа е во добро здравје.

Но на Меркел истото ѝ се случило и во 2017 година додека била во Мексико, а наводно причина за тоа биле високата температура и влажноста на воздухот.

Експертите наведуваат дека неколку болести можат да предизвикаат неконтролирано да тресење.

„Тешко е да се каже само врз основа на снимките за каков здравствен проблем станува збор кај Ангела Меркел, но тоа може да биде на пример есенцијален тремор или, пак, неспецифична Паркинсонова болест, односно таканаречена Паркинсон плус, па дури и некоја друга екстрапирамидна болест (невролошка болеста која предизвикува нарушување во движењето)“, велат експертите.

Од весникот „Фокус“ разговарае со лекарот Јаков Бернер, кој по нејзината средба со Зеленски рече дека нема ништо страшно бидејќи канцеларката се тресела многу кратко. Но, по второто тресење пред неколку дена, Бернер веќе состојбата ја смета за многу посериозна.

„Меркел треба што побрзо да ги направи неопходните прегледи. Да е таа моја пациентка, не би и’ советувал да оди во Јапонија, туку веднаш би ја испратил на магнетна резонанца“, вели Бернер.

Додава и дека, според него, не се работи за Паркинсонова болест.