Животно кое со своите антитела може да го спречи вториот бран на Ковид-19
Научниците тврдат дека малите антитела кои се наоѓаат во алпаката може да го потиснат ширењето на вториот бран од корона вирусот.
Истражувачи од Шведска и од јужна Африка користеле нанотела од алпака која била заштитена од корона вирус, за да спречат вирусот да влезе во човечкиот организам и да го зарази/
Ова функционира на тој начин што нанотелата кои се наоѓаат во алпаката влијаат на „врвовите“ на корона вируст и така директно ја оневозможуваат нивната способност да го инфицираат домаќинот.
Нанотелата на алпаката, како што се изразија научниците, „моќно го сузбиваат вирусот“, а со оглед на тоа дека се евтини и лесно се дуплираат, може да станат многу ефикасни и широко распространети.
Овие делчиња (нанотела) се дури 10 пати помали од антителата, а првото антитело вака направено се вика Ty1, по Тајсон, првата алпака која е имунизирана.
Алпаката е вид припитомена камила која живее во Јужна Америка.