Жестока тепачка изби на денешниот протест во Скопје
На денешниот протестен собир, на кој студенти Албанци бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик, се случи тежок инцидент во строгиот центар на Скопје, кога групa млади луѓе, кои според информациите биле меѓу учесниците на протест, влегоа во жестока физичка пресметка. Имаше шамари, боксови, влечење по облека, а по тепачката полицијата уапси три лица.

Според она што се гледа од снимката што ја објавија повеќе медиуми, едно момче е нападнато од група од пет-шест напаѓачи.Телевизијата „Алсат“ објави друга снимка, на која се гледа како полицијата апси дел од учесниците во инцидентот. Засега нема официјално соопштение.
