Женски хороскоп: Рак желна за љубов, Вага не знае што сака…..


Oпишувањето жени од зодијакот секако не е лесно. Многу уметници се обиделе да навлезат во суштината на женското битие, но колку и да се трудат да бидат прецизни, жените секогаш ги изненадуваат. За жените важи правилото дека нема правила.

Во продолжение дознајте кои жени ги разбиваат желбите според мислењето на астролозите …

 Жена Овен 

Жената Овен може да се протолкува како вистинска амазонка, која е сосема способна да грабне сè од животот, особено најдоброто. Во таа смисла, овие жени можат да бидат многу упорни и навистина да ги постигнат сите свои животни цели. Посебен мотив за нив е да се натпреваруваат со мажите во бизнисот и заработката. 

Жена Бик 

Жената Бик е специфична жена која победува со моќта на некршливиот дух. Сеуште  не е роден тој што може неа да и одреди било што. Понекогаш тврдоглава и бунтовничка, оваа жена секогаш прави големи чекори кон целта, додека гордо чекори низ животот и ги решава проблемите. Особено им се допаѓа кога мажите се поради нив се прилагодуваат или дури и да се жртвуваат. 

Жена Близнаци 

Жената Близнаци суверено владее со говорот, тоа е нејзиното моќно оружје. „Страшно“ е креативна, но и премногу променлива. На нејзиниот маж секако не му е лесно, а нејзините соработници веројатно „си ја корнат косата од глава“. Таа инсистира на детали и сака се да знае. Во основа, таа е вечна тинејџерка со непослушен дух. 

Жена Рак

Жената Рак е нежна жена која е желна за љубов, но и ја шири љубовта. Сака сè околу себе и „разбира“ дека со таа методологија ќе може да помине низ животот, дури и во бизнисот. Нејзиниот маж мора да биде подготвен за многу разбирање, но и постојано да и ја докажува љубовта. Многу често е преосетлива. 

Жена Лав 

Жената Лав кога е млада сака да освоjува постари мажи. Кога е зрела, „лови само пилешко“. Лавицата е сеуште кралица која нема страв. Таа особено ужива да шефува со мажи, иако нејзините подредени често ќе ја слушаат. Оваа жена може да „владее со страв“ со сите други луѓе и да не се двоуми да искористи нешто такво. 

Жена Девица 

Жената Девица е мудра жена, полна со тактичност, која често предизвикува големи импулси кај луѓето. Таа знае да го разбере секој кој има добри намери, но и да го нападне секој што би покажал непријателство или ривалство. Таа е најпедантната дама на хороскопот, има сè цакум-пакум, и секогаш е во тренд. 

Жена Вага

Жената Вага многу често дури и не знае што сака. Таа е расеана помеѓу различни цели кои понекогаш е тешко да се разбере околината. Таа не се грижи премногу за туѓите мислења. Таа прави муабет и кога нема потреба да разговара, сака да ја чува тајната што и е доверена, но не може да го направи тоа. Таа сонува за верен маж кој ќе ја обожава. 

Жена Скорпија 

Жената Скорпија е жена која владее со сексуалната енергија. Шармот се подразбира, но може да биде и преексплоатиран потенцијал, па го користи сексапилот како дополнително оружје. Сака луксуз, се што е ново, елегантно и се што има белег на скапо. Таа е немилосрдна на работа, особено кога станува збор за делење профит.  

Жена Стрелец  

Жената Стрелец е жена која е добар стратег, сè планира долгорочно, не е избрзана и може да се каже дека е мудра. Нејзините желби се главно реални и таа никогаш не се откажува од идејата првично да им се претстави на луѓето како скромна и фина „девојка“. Таа има огромни деловни цели, но и метод како да ги реализира. 

Жена Јарец 

Жената Јарец често може да биде традиционална концепција, иако има и модерни жени Јарец. Оваа втора категорија е особено опасна за  машки избраник кој ќе биде принуден да го разбере – неразбирливо. Понекогаш мистична за себе, оваа жена може да ги остави сите изненадени од промената што ја презема. 

Жена Водолија 

Жената Водолија е мала Барбика која живее во нејзиниот барби свет, каде се е слатко и шарено. Уметник, креативец, жена со стил и емоции. Често исплашени, несмасни на работа, со недоволна самодоверба. Сака да најде маж кој ќе и биде максимална поддршка и кој ќе го задоволи во се. 

Жена Риби 

Жената Риби е дама која може да заработи од својот шарм, стил, а можеби и сексапил. Таа „ужасно“ сака да  лови, а нема ништо против да троши и туѓи пари. Прашање е само како и колку може да тргне во негова корист. Кога ќе се заљуби, претставува идеална жена, а во бизнисот може да биде жестока конкуренција на машките колеги.