Жените во менопауза треба да пијат од оваа билка: Ги регулира хормоните и ги намалува симптомите
Вирак е исклучително лековито растение кое особено им се препорачува на жените поради репродуктивното здравје, како и ублажување на непријатните симптоми при ПМС и за време на менопаузата. Содржи флавоноиди, органски киселини, танини, фитостероли, салицилна киселина, есенцијално масло и витамин Ц.
Вирак најчесто се препорачува за жени во менопауза или оние кои планираат бременост, бидејќи ги регулира хормоните, го поттикнува растот на прогестеронот, доведува до регулација на циклусот и ги ублажува непријатните симптоми. Експертите за билки веруваат дека вирак дури може да ви помогне да ги изгубите вишокот килограми. Се пие како природно помагало за цисти, менструални грчеви и болки, фиброиди, воспаление на јајниците и има антиинфламаторно дејство, спречувајќи хормоналните осцилации во менопаузата негативно да влијаат на здравјето.
Во периодот на перименопауза и менопауза, регулира, ги ублажува нападите на мачнина, го намалува ризикот од голем хормонски дисбаланс и нагли промени на расположението. Најчесто се користи чај од вирaк, како и капки, односно тинктури од ова лековито растение за женско здравје. Чајот се подготвува така што една кафена лажичка вирак се прелива со шолја топла вода и се остава да отстои пет до десет минути. Консумирајте по две шолји дневно.
Тинктура или капки вирак дома се приготвуваат со додавање на 150 гр од надземниот дел од растението во 0,5 литри квалитетна домашна ракија. Тинктурата најдобро е да ја направите во стаклена тегла и да ја чувате на топло место околу 40 дена. Протресете од време на време. Кога ќе поминат 40 дена, процедете ја течноста и ставете ја во шишиња со капалка или пипета за дозирање. Чувајте ја тинктурата на темно место на собна температура. Обично се дозира со мешање на 20 капки тинктура во чаша ладна вода и пиење еднаш дневно. Напомена: Најдобро е да се консултирате со стручно лице за дозирање на тинктурата.