Жена се породи на паркинг на бензинска пумпа во Србија


Жена се породи во четврток во 18:25 часот на паркингот на бензинска пумпа во Мали Пожаревац, потврди НИС. Необичното породување се случи во четврток попладне на бензинска пумпа на Гаспром.

НИС потврди дека и мајката и бебето се добро. Брза помош пристигна на местото на настанот кратко време по породувањето.

Сличен случај имаше и пред три години, кога бебе исто така се роди на бензинска пумпа, на обиколницата од Сурчин до Добановци.